За нас
Главни активности на ЈКП ДЕРВЕН:
Согласно оснивачкиот акт и Статутот на претпријатието, главни активности се:
- Водоснабдување,
- Одведување на отпадни фекални води,
- Изнесување и депонирање на смет,
- Подигање и одржување на градско зеленило,
- Одржување на пазари на мало во градот
Опфатеност на населението со услуги
Со услугите кои ги дава ЈКП ДЕРВЕН опфатен е градот Велес со 48.000 жители, приградската населба Превалец и селата Горно Оризари и Башино Село кои имаат вкупно 3.000 жители. Вкупното население опфатено со услугите кои ги врши ЈКП ДЕРВЕН е 51.000 жители.
- Опфатеност на населението со водоснабдување
Со водоснабдување опфатен е градот Велес, приградската населба Превалец и село Горно Оризари. Вкупната опфатеност на населението во овие места со водоснабдување изнесува вкупно 99 %.
- Опфатеност на населението со канализација
Со услугите за одведување на отпадни води, т.е. со канализационен систем опфатен е само градот Велес и тоа со 97,5% од вкупниот број на жители.
Задачи на претпријатието
Согласно Актот за оснивање, Статутот на претпријатието и Законот за комунални дејности, главни услуги што ЈКП ДЕРВЕН ги дава на корисниците се:
- Зафаќање на вода, доведување, преработка и дистрибуција на истата до потрошувачите со одржување на објектите и опремата од водоснабдителниот систем
- Прифаќање, одведување и пречистување на комунални отпадни води и одржување на канализациониот систем
- Собирање, изнесување и депонирање на комунален цврст отпад од станбените, деловни и индустриски површини
- Чистење на јавни прометни површини и погребални услуги
- Уредување и одржување на градско зеленило
- Организирање на пазари на мало
Работни принципи
Во извршување на своите задачи и активности ЈКП ДЕРВЕН ги почитува следните принципи:
- Задоволување на потребите и интересот на нашите потрошувачи. Наша крајна цел е тие да бидат задоволни од услугите што им ги даваме.
- Превземање на сите неопходни мерки за заштита на животната средина, а со тоа и зачувување на природните ресурси
- Обезбедување на компетентна стручност и едукација на вработените, пред се на раководните структури.
- Постигнување на што поголема економичност во работењето со максимално користење на постоечката опрема, механизација и работна рака
- Воспоставување на перманентна комуникација со корисниците и потполно разбирање за нивните предлози и сугестии
- Водиме сметка за развој на претпријатието со дефинирање на вкупно потребните инвестиции како по вид, така и по приоритет.
Јавното комунално претпријатие е корисник на средства од кредитот на EBRD за реализација на Проектот МЕАП, кој што опфаќа реализација на следните активности:
изградба на нови и реконструкција на стари водоводни и канализациони линии, изградба на резервоари за вода, поставување на мерачи на проток, нивометри во резервоари и опрема за IT, GIS и SCADA, надградба на постројката за третман на вода за пиење.













