1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>
 

Фабрика за третман на вода за пиење

PDF Печати Е-пошта

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабриката за преработка на вода за пиење е проектирана да се снабдува со сирова вода од акумулацијата на хидросистемот "Лисиче". Тој е сеуште во изградба и се очекува кон крајот на 2006 год. истиот да профункционира. Моментално фабриката за преработка на вода за пиење се снабдува од реката Тополка каде што има изградено тиролски зафат и кој служи за насочување на истата во цевководот. Истата започна со работа од 1991 год. со максимален капацитет од 300л/с.

Цевководот е со должина од 19500 м, истиот е проектиран за капацитет од 600л/с. Реката  покажува незадоволителна бистрина и боја, зголемена концентрација на органски материи и железо. Таа во одредени периоди од годината се заматува и може да биде поволна средина за размножување на фито и зоопланктон по течението на реката и во постројката за преработка.
Врз основа на предходно изнесените податоци предвидена е процесна линија која ги опфаќа следните елементи;

  • Систем за регулација на дотурот на сирова вода

  • Претходно озонирање со алтернатива од предхлорирање

  • Таложење со предходно дозирање на коагулациони и флокулациони средства

  • Меѓуфазно озонирање

  • Филтрација на брзи песочни филтри

  • Дезинфекција на водата со хлор во резервоарот за чиста вода

  • Систем за корекција на pH - вредноста

  • Завршно автоматско хлорирање во одводниот цевовод

Партнери

  • Банер
  • Банер
  • Банер
  • Банер
English Bulgarian Croatian French German Italian Portuguese Russian Spanish Serbian Ukrainian Turkish
септември 2010
пвсчпсн
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930